Валентин Ефтимовски е назначен за нов претседател на општинската организација на Либерално демократската партија во Куманово. Тој е избран на 8-то Собрание на ЛДП кое се одржа синоќа во зградата на поранешен Комитет.
„Благодарам за укажаната доверба, ќе ми биде чест да ги застапувам и спроведувам либерално демократските вредности во интерес на граѓаните. Заедно да одиме напред, обединето, храбро, гласно“-напиша Ефтимовски.
На последните локални избори Ефтимовски беше носител на советничката листа на коалицијата на ЛДП и ДОМ.
Во ЛДП Куманово доаѓа на местото на Бобан Бојковски.