Актерката Весна Петрушевска е лауреат на МТФ Денови на комедија 2025, соопштија денеска надлежните од НУЦК „Трајко Прокопиев“ Куманово.
„Фестивалот и Советот на Фестивалот МТФ Денови на комедија Куманово во состав на: Сања Русеска, Владанка Крстевски, Сефедин Шабани, Крсто Богојевски и Александар Крстевски, доделува награда „Васил Иљоски“ на актерката Весна Петрушевска за особен придонес во театарската уметност, посебно во делот на комедијата. Наградата ќе биде врачена на денот на отворањето на Фестивалот Денови на комедија 2025 на 24 септември во големата сала на Центарот за култура Куманово“, информираат од НУЦК„Трајко Прокопиев“.