Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ следниот викенд ќе организира акција за одлагање на кабаст отпад од домаќинствата. Надлежните ги повикуваат граѓаните да се воздржат деновиве од одлагање кабаст отпад крај садовите за смет, бидејќи идните сабота и недела тоа можат да го сторат на најмалку пет локации во градот, кои што дополнително ќе бидат објавени.