Редовното годишно собрание на Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) регион Куманово, за тековната година ќе се одржи утре во ресторанот „Куманово Спа“.
На настанот ќе присуствуваат делегации од збратимени региони од странство, како и делегации од ИПА Националната секција, како и членови од Скопје, Прилеп,Штип и голем број на пријатели и поддржувачи на асоцијацијата. ИПА Регион Куманово функционира во рамките на ИПА Национален оддел, и претставува втор најголем регион со преку 750 активни членови.
Повеќе детали за утрешното изборно собрание на ИПА регион Куманово од изјавата на претседателот Горан Маневски.