Дечињата од градинката „Ангел Шајче“, вработените и родителите донираа пакетчиња со играчки за нивните другарчиња кои што празниците ќе ги поминат на детското одделение во кумановската општа болница. Претставници од градинката денеска ги однесоа подароците и остварија традиционална средба со надлежните од болницата. Директорката на болницата, Биљана Ивановска се заблагодари на надлежните кои ја реализираа новогодишната акција, која е плод на повеќегодишната соработка на двете установи.