Во организација на пчеларското здружение „ Пчела“, а со поддршка на општина Куманово денеска започна тридневниот саем „Денови на мед“. На саемската манифестација која се организира по 23-ти пат на градскиот плоштад кумановци по поволна цена можат да купат мед, матичен млеч, прополис, мелеми и други пчелни производи. Оваа година има 27 пчелари – излагачи.
