„Кажи ми да ти кажу, 100 и кусур анегдоте на кумановски за кумановци” е најновото дело на авторот Мирко Зафировски, кое синоќа беше промовирано во Занаетчиски дом. Книгата, како и претходните три дела на авторот е напишана на кумановски дијалект. Целта е да се одржи континуитет во зачувувањето на кумановската културна ризница, но и да се потикнат младите да творат.
-Мојата порака би била да не застане пишувањето за Куманово, но и на кумановски дијалект. Ние сакаме да си го негуваме нашиот кумановски јазик. По обемната литература што се пишува за Куманово, убаво би било нашата библиоека да биде и со книги на кумановски. Моите заложби се да пишувам на кумановски, ама за кумановци, само за она што се случувало порано и денес. Четири книги издадов на кумановски за кумановци. Мислам дека би било добро, во оваа состојба праќам и порака до младите да пишуваат, да бележат во своите тефтери за се што се случува денес-нагласи авторот.
Зафировски истакна дека не застанува со творење, а за Куманово рече има уште многу што да се напише.