Во Куманово денеска започна акцијата за воспоставување на систем за примарна селекција на пластичен отпад и лименки. Во првата фаза од проектните активности опфатени се двеста домаќинства, а акцијата ќе продолжи и во другите делови на градот, каде бесплатно ќе се распределуваат пластични садови за примарна селекција на отпад.
Активноста ќе се спроведува преку Општината, ЈП „Чистота и зеленило“, Министерството за животна средина, УНО Продукт и Климатски центар.