Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово организираше акција „Биди Хуман – Предизвикај Насмевка“.
На штанд на градскиот плоштад се собираа донации и новогодишни пакетчиња за најмалите од Куманово.
„Новогодишните празници да ги искористиме да бидеме хумани и солидарни, да подадеме рака и да се грижиме за сите околу нас“-велат младите од УМС.