Агенцијата за вработување на Македонија објави јавен повик до невработените лица со минимум средно образование над 29 години за Програмата – поддршка за самовработување. Програмата обезбедува: oбука за „Претприемништво и развивање на бизнис вештини, ваучер систем за изработка на бизнис план и поддршка при регистрирање на бизнисите ; неповратни средства (грант) во износ до 430.500,00 денари, со вклучен ДДВ; грантот ќе се добие на наменска сметка (согласно Оперативните Упатства) со приложување на профактури за набавка на опрема и/или материјали согласно спецификацијата на бизнис планот; финансиска поддршка за дополнително вработување за бизниси основани од лица со попреченост, како и советодавна/менторска поддршка во период од 6 месеци од основањето на бизнисот за неколку целни групи.
Заинтересираните лица за учество во Програмата можат да аплицираат до 03.07.2026 година.