На свечена церемонија престижниот Скопје Метрополитан колеџ ги додели дипломите на првата генерација студенти. Од институцијата горди што им понудија можност на студентите во земјава и регионот да студираат под водство и партенерство со најпочитуваниот унверзитетски систем во светот.
Скопје Метрополитан Колеџ е формиран како посебна образовна институција со единствена цел да изведува програми на Лондон Метрополитан Универзитетот, кој е државен универзитет од Лондон, Англија. Корените на оваа институција датираат од 1848 година, и со тоа оваа институција е една од најстарите образовни институции во Лондон.

Деканот Љубиша Петрушевски се надева дека со стекнатата диплома од Лондон Мет, дипломците ќе си го најдат вистинското место на пазарот. Истакна дека бројот на запишани студенти секоја година расте.
Дипломците изразија задоволство од функционирањето на наставата, но и од стекнатата диплома.
Првата генерација студенти што го почна и заврши комплетниот циклус на едукација во Скопје , се студенти на програмата Мастер за Бизнис Администрација.
Во моментот Скопје Метрополитан нуди додипломски и постдиполомски студии во 3 области:
-Бизнис Администрација
-Сајбер Безбедност
-Евент Менаџмент и Туризам