Во организација на Регионалната занаетчиска комора – Куманово денеска свечено беа доделени субвенции за старите занаети на саемот за мало стопанство во салата на Занаетчиски дом. Седуммина занаетчии – чувари на традицијата годинава добија поддршка од Општината како поттик за зачувување и понатамошен развој на занаетчиската дејност во кумановскиот регион.
Настанот се реализира во соработка со Фондацијата за развој на мали и средни претпријатија од Куманово.
Пред присутните се обратија Агрон Фазлији претседател на Занаетчиска комора на РСМ, воедно и на Регионалната во Куманово, Дритон Сулејмани заменик министер за образование и градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски.
„ Се надеваме и веруваме дека оваа успешна соработка ќе продолжи со уште поголем интензитет, овозможувајќи заедно и посилни да го одбележиме претстојниот јубилеj“, истакна претседателот Агрон Фазлији.
Промотивниот настан беше збогатен со музички сплет, во изведба на детско младинскиот фолклорен ансамбл „Срма” од Куманово.