Студирањето според британскиот образовен систем и стекнувањето со британска диплома од државен универзитет, нуди Скопскиот Метрополитан колеџ, кој е формиран како посебно училиште на Еуро колеџ Куманово, со единствена цел на студентите да им овоможи да следат настава иста како на Лондонскиот Метрополитан Универзитет.
Скопскиот колеџ е единствен валидиран партнер на британската, реномирана високообразовна институција во Велика Британија, која нуди уникатно дизајнирани програми кои стимулираат креативно размислување и интелектуално надградување.

Новоформираниот колеџ во Скопје на студентите во земјава и регионот, им нуди да студираат дома под водство и партнерство на британски универзитет.
Директорот на колеџот, Љубиша Петрушевски информира дека тие веќе пет години соработуваат со Метрополитан Универзитет, а веќе две години држат настава.

Колеџот нуди курсеви по бизнис администрација, бизнис менаџмент, сајбер безбедност, и туризам. Наставата и студиската програма постојано ќе ја следат и контролираат парнерите од Велика Британија.
Студентите ќе работат со професионалци од земјава, како и од Велика Британија.
Плановите за иднина на Скопскиот Метрополитан колеџ се да продолжи да се развива и во земјите од соседството.