Проектот за целосна реконструкција на подрачното училиште „Христијан Карпош“ во населбата Иго Тричковиќ е во завршна фаза и за две до три недели ќе биде доставен до Секторот за урбанизам за одобрение, истакна в.д. директорката на ЈП „Куманово план“, Анета Шандева – Доневска на последната седница на Советот на Општина Куманово.
Во меѓувреме, изготвен е проектот за урбана опрема.
„ЈП „Куманово план“ 2025 -та година ја заврши со негативен финансиски резултат, но од друга страна пак, реализираше и отпочна голем број на проекти кои што чинат многу средства. Во наредниот период планираме да направиме рационализиција на расходите и се надевам дека до крајот на годинава или евентуално на почетокот на 2027 година како претпријатие ќе се вратиме во нормала“, посочи Шандева – Доневска.

Советниците одобрија и две нови вработувања (архитекти) на определено време во претпријатието.