Во рамките на проектот „Безбеден град“ уште на неколку локации во градот во најскоро време ќе бидат поставени камери, соопшти командирот на Полициската станица од Општа надлежност Куманово, Томислав Додевски на вчерашната седница на Советот на Општината.
Претходно, командирот Додевски информираше и за безбедносната состојба на подрачјето на Општина Куманово за периодот од јануари до јуни 2026 година.
„По барање на граѓаните на град Куманово, а и нашето согледување е дека моментално поставните камери од „Сејф сити“ не се доволни, така што мислам дека е опфатен булеварот „Октомвриска Револуција“, локалитетот „Табакана“ и имам информација дека уште на три локации ќе се поставуваат камери во најбрз можен период“, истакна командирот Додевски.