Општинскиот совет за превенција на детско престапништво при Општина Куманово и Отсекот за превенција – СВР Куманово, деновиве во ОСТУ „Наце Буѓони”- Куманово, организираа полагање на тестови за Б категорија, за ученици со наполнети 17 години.
На тестирањето беа пријавени 80 кандидати.
Проектот е поддржан од повеќе авто школи (ТИМ, ФИ – БО, Никола 6, Галеб ММ, Ангела, Југо Фер, Јане, ИКО и Аполо), кои доделија 27 вредносни ваучери, за најуспешните средношколци, идните возачи од категорија Б.
Целта на овие проектни активности е да се мотивираат младите за обука на возачи, да се информираат за безбедноста во сообраќајот, условите и дополнителните ризици, кои би им користеле, во текот на обуката и процесот до добивање на возачка дозвола.