Екипи на ТППЕ Куманово во изминатото деноноќие регистрираат неколку пожари.
Во Општина Куманово пожарникарите гаснеле сува трева и ниска вегетација во селата Кучкарево и Градиште, сува трева во Режановце и Умин Дол, на улицата „Божидар Мицковиќ“ гаснеле опожарена куќа, а на булеварот „Октомвриска револуција“ – контејнер, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
Според РЦУК, на подрачјето на Oпштина Липково, вчера била опожарена поголема површина кон селата Виштица и Матејче. Во гаснењето на пожарот биле вклучени и авиони – ер трактор на Дирекцијата за заштита и спасување, вработени во подружницата на ЈП „Национални шуми“ и месното население.
Сува трева и шума горела и во селото Никуштак.
Пожарникарите од Старо Нагоричане вчеравечер интервенирале во селото Никуљане на опожарена сува трева, стрниште, ниска вегетација и дел од лозни насади, информираат надлежните.