Две девојки од Куманово на возраст од 17 и 19 години се пријавени за исчезнати.
– На 03.11.2023 во 15.00 часот во СВР Куманово, 50 годишен кумановец пријавил дека од домот се оддалечиле неговите две ќерки, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Од СВР Куманово денеска информираа дека девојчињата се уште не се пронајдени, но дека се преземаат мерки за нивно пронаоѓање.