Во кумановско Агино село по укажување од страна на директорот на Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) за запален комунален отпад измешан со отпадна гума, направен е заеднички увид со раководителот на Општинскиот инспекторат Куманово. Повикана е и противпожарна единица, информираат надлежните. Во населбата Тоде Мендол при заеднички увид на Државниот инспекторат за животна средина – Општина затекнато е физичко лице како пали комунален и земјоделски отпад. Направен е Записник за констатација од страна на Раководителот на Општинскиот Инспекторат Куманово и истиот ќе постапува по предметот во инспекциска постапка согласно надлежноста.