Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, претседателката на Советот на Општината, Ивана Ѓорѓиевска, во присуство на претставници од општинската администрација денеска имаа средба со претставници од Асоцијацијата Алзас во Македонија – АЛМА, објави Општина Куманово.
Според објавата, на конструктивниот прием се размениле идеи и планови за соработка со претседателот на АЛМА и почесен конзул на РСМ во Француската Република, со седиште во Стразбур, Жак Шлеф, потпретседателот Кристијан Кунцел и претставник на Меѓународната унија на Алзас, Жерар Кинц.
„Во рамки на денешната посета, дипломатските претставници остварија средба со раководните лица на ООУ „Толи Зордумис” – Куманово, подрачно училиште во с.Режановце, во кое ќе започне реконструкцијата на училишната зграда, со обнова на прозорци и врати и со директорот на ЈЗУ Општа болница – Куманово, каде се планираат донации и инвестиции“, пишува во објавата.