Завршени се сите проверки во училиштата во Куманово и утврдено е дека станува збор за лажни дојави за бомби.
-Секторот за внатрешни работи Куманово ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во осум основни училишта и еден клон, како и едно средно училиште во Куманово во врска со закани за поставени експлозивни направи и утврдено е дека станува збор за лажни пријави. Веднаш по добиените пријави од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и по извршени проверки утврдено е дека станува збор за лажни пријави, информираат од СВР Куманово.