47-годишен кумановец загина во сообраќајна несреќа што се случила вчера на магистралниот пат Велес-Штип, во близина на клучката за с. Дорфулија, општина Лозово, кога, според Министерството за внатрешни работи, патничко возило „шкода“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од кумановецот излетало од патот. Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено во Судска медицина за обдукција. Со телесни повреди се здобила неговата сопатничка на возраст од 44 години од Куманово, констатирани во Клиничката болница Велес, соопшти МВР.
Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа на ОВР Свети Николе.