Царинските службеници во текот на изминатата седмица на ГП Табановце заплениле автоделови, кафе, облека и велосипеди.
Како што информираат денеска од Царинската управа на Македонија, вкупно 23 делови за возила биле откриени во два одвоени случаи од страна на Службата за мобилни скенери, при контрола на две возила пријавени за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Царината заплени и речиси 40 килограми при контрола на автобус на влез во државата на Граничниот премин Табановце.
Меѓу запленетите предмети се и 69 парчиња облека (дуксери, панталони, маици, фармерки и долни тренерки). Како што соопштуваат надлежните, тие биле откриени при контрола со скенер на камион откако биле забележани неправилности во кабината, во пределот на горниот кревет.
Во багажникот на автомобил кој бил пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце пронајдени биле 2 употребувани велосипеди марка Cube.