АД „Водостопанство на РСМ“ – Скопје, подружница „Кумановско-липковско Поле “ Куманово ги известува корисниците дека од 03.11.2026 година ќе започнат активности за затворање на четвртата грана на бајпасот, конзервација и зимско одржување на системот, соопштија денеска од Регионалниот центар за управување со кризи.
„Во текот на активностите, снабдувањето со вода ќе се обезбедува преку индустрискиот вод со цел да се одржи континуитетот во водоснабдувањето“, информираат надлежните.