Претставници на Управен одбор и на членови на Комисија за млади, спорт и култура на ИПА Регион Куманово денеска реализираа хуманитарна акција во доделување на новогодишни пакетчиња на дечиња кои што се посетители на ЈОУДГ „Ангел Шајче“– објект „Синоличка“, како и на дечиња кои што во моментот се на лекување на детско одделение при ЈЗУ Општа Болница Куманово.
„За време на реализација на хуманитарната акција, беа поделени вкупно 145 новогодишни пакетчиња на исто толку дечиња, а кои што новогодишни пакетчиња беа набавени од средствата кои што од страна на Милош Спасиќ -член на Комисија за млади, спорт и култура на ИПА Регион Куманово беа соберени како добороволен прилог за време претходоно организираната ИПА меѓународна средба во Куманово. ИПА Регион Куманово, изразува благодарност до Ивана Николиќ (директор на ЈОУДГ „Ангел Шајче“) и Сашо Стошевски (директор на ЈЗУ Општа болница Куманово) кои што дадоа голем придонес за успешна реализација на целиот настан“, соопштија од ИПА Регион Куманово.