Управата за јавни приходи информира дека согласно Законот, исплатата на средства за скенираните сметки во периодот октомври – декември 2024 година ќе се реализира во тек на месец февруари.
Од УЈП споделија и кои се најчести грешки кои го одложуваат процесот на исплата се:
– погрешно внесена трансакциска сметка
– внесена трансакциска сметка на друго лице
– наместо трансакциска сметка внесен број на платежна картичка
– внесена трансакциска сметка која не постои или е згасната
Сите граѓани имаат право да скенираат фискални сметки и со тоа да остварат поврат и до 2100 денари за едно тримесечие.