Отсекот за превенција при СВР Куманово во соработка со Општинскиот совет за превенција на детско престапништво спроведе кампања во кумановските училиштата против говор на омраза со акцент на спортските натпревари, бидејќи „насилството“ таму е најизразено, информираат од Општина Куманово.
Од кампањата е упатен апел до младите да се воздржуваат од секаков вид насилно однесување, ширење говор на омраза, поттикнување на верска и расна дискриминација, односно без навредливо и насилно скандирање.
Се повикува на фер – плеј навивање на спортските натпревари, со искажување на почит меѓу спротивставените екипи, кои го делат спортското борилиште. За сите девијантни однесувања и појави ќе следуваат законски казнени мерки, со поведување на постапки и повикување на одговорност. Во рамки на активностите дистибуирани се едукативни брошури: “Има живот без насилство – кажи НЕ, на говорот на омраза!”