Традиционално, по 26-ти пат, во пресрет на Бадник, членовите на здружението „Коледари“ од Куманово викендов набраа бадникови гранчиња во атарот на селото Пчиња, по што беа осветени во црквата Свети спас.
Коледарите ги повикаа сите граѓани на Куманово на одбележувањето на Бадник на 6-ти јануарии. Чествувањето ќе започне во 11 часот кај Соборниот храм „Свети Никола“, а централната прослава ќе биде напладне пред Центарот за култура „Трајко Прокопиев“.