Од дневниот билтен ги издвојуваме следните настани:
Полициски службеници од СВР Куманово вчеравечер лишиле од слобода 38-годишен кумановец, постапувајќи по претходна пријава дека во угостителски објект на ул.„Бранко Богдански Гуцман“ во Куманово се заканувал на сограѓанин. По целосно документирање на случајот, против пријавениот ќе следува соодветна пријава.
Ноќеска, еден час по полноќ, полициски службеници од СВР Куманово привеле жител на с.Долно Којнаре, затоа што во угостителски објект на ул.„Бранко Богдански Гуцман“ , агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.
Секторот за внатрешни работи соопшти дека врз основа на претходно изготвен план, во периодот од 00:00 до 02:00 часот на 04.01.2026, полициски службеници од СВР Куманово, извршија контрола на девет казина на подрачјето на Куманово. Притоа, извршено е легитимирање на 166 лица и преглед на 73 лица, при што било затекнато едно малолетно лице и биле лишени од слобода четири лица, од кои две за утврдување на идентитет и две поради основи на сомнение дека се можни сторители на кривично дело.