Општинската организација на Црвен крст од Куманово во соработка со МК Пиреј и Куманово Скелетонс организира крводарителска акција. Акцијата ќе биде одржана в понеделник, во просториите на општинската организација на Црвен крст Куманово, во периодот од 10 до 14 часот.
Сите заинтересирани граѓани кои што можат да даруваат крв се добредојдени, посочуваат од Црвен крст.