СВР Куманово поднесе кривична пријава против 59-годишен кумановец поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи”.
На 01.12.2025 полициски службеници од СВР Куманово извршиле преглед на неговото возило „цитроен берлинго“ со кумановски регистарски ознаки, при што биле пронајдени и одземени пиротехнички средства, соопшти Министерството за внатрешни работи.