Во пресрет на одржување на вториот круг од локалните избори што ќе се одржи во недела на 31-ви октомври , Министерството за внатрешни работи известува дека и во сабота и недела управните служби ќе работат во општините каде што ќе има гласање во втор круг со цел да им се излезе во пресрет на граѓаните да може да ги подигнат личните карти.
Одделот за граѓански работи, односно отсеците за управни работи на оваа организациона единица при МВР – Куманово, Велес, Охрид и Тетово со сите подрачни единици во нивни состав на 30.10. 2021 година ќе работат на прием и издавање на лични карти со редовно работно време од 8.00 до 16.00 часот.