Со најновата одлука на бугарските власти, а која ќе стапи на сила од 20 јануари (четврток), на сите државјани на Република Северна Македонија им е дозволен влез во Бугарија при приложување на валиден сертификат за вакцинација против ковид-19 или сертификат за прележана болест, заедно со негативен ПЦР тест не постар од 72 часа.
За влез на малолетни лица од 12 до 18 години, исто така е задолжителен негативен ПЦР тест.