Традиционалната меѓународна изложба на уметничка фотографија „Фото Салон Куманово“ ќе се отвори во среда (31 октомври) во просториите на Уметничката галерија во 19 часот.
Организаторот, Фото кино клуб „Козјак“ и овој пат ги собра фотографиите на нашите и странските автори. Учесниците имаа можност да се претстават во неколку категории: тема слободна колор, слободна црно-бела, природа и портрет.
На натпреварот земаа учество 213 автори од 52 земји од целиот свет. Жирито во состав на Раша Милојевиќ (Србија), Михаел Кацафура (Словенија) и Марјан Јаневски (Македонија) на изложбата доделија 93 награди во сите четири категории од кои 92 медали и дипломи за фотографии и FIAP најдобар автор на изложбата за Милан Марковиќ од Србија.
Се започна во 1962 година, најпрвин како клупска подоцна како меѓуклупска изложба, односно меѓурепубличка, а во последниве неколку години „Фото Салон“ прерасна во една од најпочитуваните и најпосакуваните изложби меѓу авторите од државите ширум светот.
Покровители на изложбата се Министерството за Култура, Општина Куманово и истата е под патронат на Фото Сојуз на Македонија.