Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 2.754 тестирања, а регистрирани се 349 нови случаи на КОВИД-19, од нив 23 случаи во Куманово.
Регистрирани сe 208 оздравени пациенти, од кои од Куманово се 17 лица.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 12 починати лица, од нив еден смртен случај во Куманово, пациентот на возраст од 43 години.
Досега во земјата се направени вкупно 1.385.429 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 202.552, бројот на оздравени пациенти е 188.540, на починати е 7.132, а бројот на активни случаи изнесува 6.880.
Во Куманово вкупната бројка на КОВИД-позитивни е 12.283, а бројот на активни случаи во моментов изнесува 427.