Со мобилни мерни станици Општина Куманово ќе го мери загадувањето на воздухот. Станиците веќе се поставуваат на шест различни локации во централното подрачје. Од наредната седмица треба да почнат дневно да се ажурираат и податоците на општинската веб страница.
–Ние сме првата општина која ќе има сопствен систем за мерење на аерозагадувањето во градот. Ќе бидат апдејтирани сите податоци и секој граѓанин ќе може на дневна основа да ги следи загадувањата и состојбите со амбиенталниот воздух во градот-истакна градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.