До крајот на неделата Владата ќе донесе одлука за поддршка на основните и средните училишта, како и на јавните комунални претпријатија во снабдувањето со струја.
Како што соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши, поддршката ќе се реализира преку ЕСМ продажба. Целта на поддршката на комуналните претпријатија, повтори Бектеши, е да нема поскапување на водата за пиење.