Поради планирани прекини утре во период од 11 до 13 часот, без електрична енергија ќе бидат дел од корисниците на улиците „Стојан Арсов“, „Тоде Думба“, „Драган Стопаревиќ“ и „Васил Драгомански“, известува ЕВН Скопје, а пренесува Регионалниот центар за управување со кризи.
Истиот ден, во период од 07 и 45 часот до 10 часот струја ќе немаат и дел од жителите на улицата „Иво Лола Рибар“, околу Управата за јавни приходи.