Општина Куманово и општина Старо Нагоричане објавија оглас за одобрување на линии и возни редови за извршување на линиски превоз на патници помеѓу двете општини за период од 5 години заедничко организирање на извршување на линиски превоз на патници за следните 5 линии:
-КУМАНОВО – с.НИКУЉАНЕ – с.СТАРО НАГОРИЧАНЕ – с.СТРНОВАЦ (сезонска),
-КУМАНОВО – с.СТАРО НАГОРИЧАНЕ – с.ЧЕЛОПЕК – с.АЛГУЊА – ТАТАРИНОВАЦ,
-КУМАНОВО – с.СТАРО НАГОРИЧАНЕ – с.КОКИНО – с.АРБАНАШКО – с.ДЕЈЛОВЦЕ,
-КУМАНОВО – с.ДОВЕЗЕНЦЕ и
-КУМАНОВО – с.ВОЈНИК – с.БАЈЛОВЦЕ.
Право на учество на огласот имаат сите заинтересирани превозници.
За секоја линија се поднесува поединечна понуда.
При распределбата на линиите , предност ќе има превозникот кој :
поседува возила кои ги исполнуваат посебните техничко-експлоатациони услови и има повеќе возила за одржување на возните редови.