Општинската организација на Црвен крст Куманово деновиве ја одбележа ПХВ неделата во рамките на јубилејот „30 години ПХВ – 30 години човечност“.
„На настанот што се одржа во Занаетчискиот дом се обратија ПХВ дисеминаторите и учесниците во активностите, кои преку своите искуства и пораки ја истакнаа важноста на ПХВ програмата, хуманоста, волонтерството и активното учество на младите во заедницата. Посебно значење имаше доделувањето на дипломите на младите учесници кои во 2026 година реализираа мали ПХВ проекти, како признание за нивниот ангажман, посветеност и придонес кон заедницата. Во рамките на настанот беше поставена и ПХВ изложба со фотографии и материјали од реализираните активности и проекти низ годините, а присутните имаа можност да проследат видео материјали и културно-забавна програма“, објави Црвен крст Куманово.