Исплатата на паричните средства од „Мој ДДВ“ за периодот април, мај и јуни нема да започне пред да се донесе ребалансот на Буџетот за 2024 година, бидејќи како што вели директорката на Управата за јавни приходи Елена Петрова, во сегашниот буџет на УЈП не се предвидени доволно средства за исплата. Затоа, вели таа, неопходно е носењето на ребалансот пред да се започне со исплатата на парите за второто тромесечије.