По повод своите јубилејни 75 години Фото кино клуб „ Козјак” оваа година организираше низа настани. Започнувајќи со „Мајски салон 2023” која е и традиционална клубска изложба на ФКК „Козјак”, активностите продолжија со изложба на уметничка фотографија насловена „ Различни погледи” од членовите на збратимениот Фото клуб „Марибор” од Словенија, потоа меѓународниот фестивал на краток филм „ФИЛМАЈ 2023” кој веќе пет години по ред се одржува и на истиот оваа година земаа учество автори од 45 земји или 196 филма, a беа доделени наградата „Лазар Ѓорѓевиќ” за најдобра режија, наградата „Радислав Ристевски” за најдобра фотографија/кинематографијиа, наградата „Козјак” за најдобро сценарио и наградата „ФИЛМАЈ” за најдобар филм.
Како третти настан беше традиционално организирана најстарата меѓународна изложба во Македонија, „Фото Салон 2023”. На овогодишниот натпреварот земаа учество 115 автори од целиот свет и на истата беа доделени 25 награди во категорија Слободна и главна награда за најдобар автор на изложбата.
Како последен настан за оваа година можеби и најзначаен за историјата и творечките дејности на ФКК „Козјак” низ годинитe, посетителите ќе имаат можност да бидат дел од настанот во среда во Занаетчиски дом – Куманово со почеток од 18:30 часот. Во рамките на програмата посетителите ќе имаат можност да погледнат неколку кратки филмови, изложба на уметнички фотографии, награди, признанија и сл. односно се онаа што ФКК 2Козјак” творел во изминатите 75 години.