Пожарникарите од Куманово и Старо Нагоричане во текот на вчерашниот ден гаснеле опожарена сува трева на неколку локации на подрачјето на општините.
Екипите на Територијалните противпожарни единици интервенирале во кумановското село Костурник и два пати во селото Младо Нагоричане, информираат надлежните од Регионалниот центар за управување со кризи.