Општина Куманово потпиша договор за финансиска поддршка на четири здруженија на граѓани од Општина Куманово за реализација на локални проекти.
Проектите се однесуваат на: заштита на животна средина, социјална кохезија и намалување на сиромаштија, туризам и клултура како и младински иницијативи. Проектите ќе се имплементираат во период од 6 месеци.
Договори потпишаа следниве здруженија:
• Здружение за поттикнување на локален и рурален развој Ума Сто од Куманово за проектот: „Туристичко – гастрономски кластер Ума – Бислим”.
Вкупен буџет: 251.500,00 – денари
Севкупна цел рурален развој и туризам преку: создаден еден кровен бренд за новиот туристичко-гастрономски кластер, настани за промоција на брендираните производи, едицирани млади и жени од 4 села за стандарди за престој на туристи, Обука за стандарди за престој на туристи;
• Зелена градба Асоцијација Куманово за проектот: „Еко – едукативен центар за деца и млади”.
Севкупната цел на проектот е да го зајакне генерацискиот капацитет на младите луѓе, преку едукација и активно учество со зелени и иновативни решенија, со цел да создадат долгорочен и одржлив еколошки и економски развој на заедниците.
Вкупен Буџет 215.100,00 – денари
• Здружение за иновации и млади ИНО МЛАДИ од Куманово за проектот: „Жена Борец – Уметност и едукација за одржлива иднина”.
Свекупната цел на проектот: Справување со текстилен отпад во Општина Куманово и подогање на свест кај населението преку: креативни, инспиративни и одржливи практики за заедницата кои промовираат повторна употреба, поправка и еколошка свест.
Вкупен буџет 203.500,00 – денари
• Здружение за стимулација, едукација и рехабилитација ЧЕКОР ПЛУС 2022 од Куманово за проектот: „И јас имам право на среќно и безгрижно детство”.
Свекупната цел на проектот е да го унапреди севкупен живот на децата со попречност и нивните родители, преку давање психолошка поддршка на деца со попреченост, од страна на детски психолог односно Гешталт психотерапевт како и психолошка поддршка на родителите на децата со попречност.
Вкупен буџет 214.000,00 – денари
Одобрените проекти се согласно Јавен повик за граѓански организации и фондации од Општина Куманово за 2025 год., како дел од Програмата на Сектор за меѓународна соработка и евроинтеграции, стратешко планирање, креирање политики, следење и ЛЕР се наменети за граѓански организации и фондации од Општина Куманово за проекти во рамки на Стратегиските развојни документи на Општина Куманово, соодветни на приоритетните области и цели, информираат од Одделението за стратешко планирање, креирање политики, следење и локален економски развој (ЛЕР) .