Министерството за труд и социјална политика соопшти дека денеска почна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за септември 2022 година.
-Корисниците на парични права кои поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, информира Министерството.
За да се избегне метеж пред и во банките при исплата на правата, за корисниците кои не користат картички, исплатата ќе се спроведе во две групи во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето денеска и утре.