Дваесет и шест лица се лишени од слобода во координирана акција на Одделот за криминалистичка полиција, а реализирана во содејство со Секторите за внатрешни работи од неколку градови во земјава, меѓу кои и СВР Куманово. Во активностите се опфатени 53 лица за кои постоеле сознанија дека се инволвирани во шверц со дрога и оружје, а претресите се извршени во куќи и помошни простории, станови, патнички моторни возила и два деловни објекта.
За време на претресите беше пронајдена импровизирана мала лабораторија за производство на марихуана во Белчиште, охридско, ќеса со семки од канабис и тегла со марихуана. Одземен е и друг вид на друга, оружје, поголем износ на пари во различни валути и апоени. Против лицата се поднесени кривични пријави.