Секторот за внатршни работи Куманово соопшти дека денеска во 10:30 часот, полициски службеници лишиле од слобода 71-годишен жител на село Старо Нагоричане.
Според СВР Куманово, при контрола и преглед во неговиот импровизиран продажен објект во село Старо Нагоричане биле пронајдени 2051 парчиња пиротехнички средства.
Тој е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.