Екипите на Територијалнта противпожарна единица Куманово во текот на изминатото деноноќие интервенирале на повеќе локации во кумановско-липковскиот регион, соопштија од Регионалниот центар за управување со кризи. Пожарникарите вчера гаснеле опожарена сува трева и стрништа во селата Речица, Ваксинце, Черкезе, Гошинце. На улицата „Ѓуро Пуцар Стари“ пожарникарите вчера вечер гаснеле опожарен контејнер, а на булеварот „Октомвриска револуција“ интервенирале заради опожарена трева и отпад.
И пожарникарите од ТППЕ Старо Нагоричане вчера гаснеле опожарена сува трева во селото Бељаковце.