„Вчера ја посетив ОБ Куманово, каде се сретнав со раководството на болницата. Болницата беше во надолна линија одреден период, но во 2025 година покажа напредок, со подобрен ЦМИ индекс (0.980, наспроти 0.889 во 2024), и денес се наоѓа на 9-то место од вкупно 16 клинички и општи болници во земјава, објави денеска Сашо Клековски, предложениот нов министер за здравство.
Во објавата на на Клековски пишува:
-Директорот Сашо Стошевски ги презентираше активностите за понатамошни подобрувања во болницата, реновирање на повеќе оддели, воведување на централен кислород, подготовка на центарот за гангрени, вложување во нова опрема. Фокусот во наредниот период е ставен и на комплетирање на тимот со анестезиолози, што моментално претставува тесно грло за работата на болницата. Тоа покажува дека вложувањето и посветеноста на раководствата на болниците даваат резултат.