По повод одбележувањето на 85-годишнината од народното востание и празникот 11 Октомври – Денот на народното востание утре (11.10.2026 год.) со почеток во 12:00 часот ќе се одржи Свечена академија на Спомен костурницата во Куманово под слоганот „Идеали што градат иднина”.
На свечената академија ќе се обрати претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, инфомираат од владината прес служба.